Categories
- Career (18)
- Entrepreneur (1)
- Family (17)
- Life (18)
Recent Posts
-
Како што веќе знаете Амазон е бизнис модел кој е неспоредлив со било кој друг софтвер или начин на работа. Кога зборуваме за Амазон треба да знаете дека постојат 2 типа на работа *AMAZON FBM и *AMAZON FBA.
Доколку сакате вашиот бизнис да биде независен од вашето време, да бидете слободни, вашиот бизнис да биде автоматизиран тогаш AMAZON FBA е она што ви треба.
Па што всушност е AMAZON FBA?
AMAZON FBA означува Fulfillment by Amazon, во превод ова значи исполнето од Амазон. Ајде да го објасниме детално.
Првиот чекор без разлика дали работите со ФБА или ФБМ методот е да направите истражување на пазарот со помош на Jungle Scout и да пронајдете профитабилен производ. Вториот чекор е да го набавите производот во одредена количина. Третиот чекор е да се одлучите дали ќе работите со ФБА или ФБМ. Доколку започнете со ФБА процесот се одвива вака. Ги пакувате производите во соодветно пакување и ги испраќате во складот на Амазон вие или директно од вашиот произведувач. Можете да изберете во која држава сакате да ги испратите производите но Амазон ќе ви го назначи точниот магацин каде што треба ги доставите производите. Пр. ако праќате 12 парчиња во Германија, Амазон може да ви каже да испратите 4 во магацинот во Дортмунд, 4 во Берлин и 4 во Липциг. Можеби ќе треба да го испратите само во 1 магацин.Тие информации ги добивате кога ќе го припремате планот за испорака. Од овде вашата единствена задача е да ги следите вашите огласи и кога производите ќе се потрошат да испратите нова пратка од вашите производи.
Сите други задачи ги врши Амазон во ваше име. Кога вашата пратка ќе пристигне во магацините, Амазон ги складира во нивниот склад, кога некој ќе порача од вашиот производ, Амазон го лоцира производот го носи на пакување, го пакува и го спрема за испорака, во рок од 1 ден вашиот клиент го добива производот со најдобра и најбрза услуга. Доколку постои некаков проблем со производот, доколку клиентот сака да го врати, целата комуникација се одвива преку Амазон. Нивните центри за купувачи комуницираат со клиентите, им ги враќаат парите, организираат производот да се врати назад итн. Вие немате никаква дополнителна работа. Ваше е само да ги следите вашите огласи и вашиот инвентар и да го надополнувате.
Овој тип на работа ви овозможува вашето време да биде само ваше, да работите минимално а да имате продажби како никогаш до сега.
Погледнете го моето видео за подетални информации на оваа тема.