Categories
- Career (18)
- Entrepreneur (1)
- Family (17)
- Life (18)
Recent Posts
-
Како и од каде до профитабилен производ?
За да започнете со Amazon бизнисот потребни ви се производи. Но дали секој производ се продава во доволна количина за да заработувате? Секако дека не. Морате да ги пронајдете точните производи што ќе ви донесат големи продажби, а со тоа и голема заработка.
Софтверот Jungle Scout ќе биде најдобриот пријател на вашиот бизнис.
Со овој софтвер можете да направите истражување во сите категории и да ги пронајдете вашите потенцијални производи. Ви овозможува да направите анализа на побарувачка, цена, месечни и дневни продажби, историја на производот, продавачи итн. Со сите овие информации можете да направите детално истражување и да го пронајдете вашиот идеален производ.
Набавка на производи
Вториот чекор е да пронајдете производител на вашите производи. Од голема важност е да го пронајдете точниот добавувач со кој ќе имате добра соработка и кој ќе ви ги даде најдобрите цени.
Кога барате производи за работа со АМАЗОН треба да внимавате на неколку работи. Производите треба да се мали и лесни со што ќе се намали цената за транспорт и складирање, треба да бидат универзални за да се зголеми публиката на корисници, Не треба да бидат кршливи итн.
За повеќе видеа посетете го мојот YouTube канал и дознајте како да започнете со работа од дома на AMAZON