Categories
- Career (18)
- Entrepreneur (1)
- Family (17)
- Life (18)
Recent Posts
-
Во ова видео се зборува на темата БРЕНД.
Без разлика дали ќе основате сопствен бренд и ќе го пласирате на Амазон или пак ќе го пласирате на домашниот пазар, треба да знаете и применувате следните четири работи.
Идентификувајте нешто со што ке се разликувате од вашите конкуренти. Иако ќе продавате исти или слични производи, треба да бидете иновативни и вашиот производ да биде подобрена верзија и по привлечна за купувачите, со што ќе се одвоите од вашата конкуренција. Многу ретко може да измислиме целосно нов производ што никој до сега го нема пласирано на пазарот, но тоа не значи дека не можеме да продаваме.
Како пример може да се земе автомоболската индустрија. Ауди уште од најраното производство го имаат системот Quattro кој означува погон на сите четири тркала и со тоа го прави поразличен од останатите конкуренти како BMW или Mercedes. Но, тоа не е важно за фановите на останатите автомобили. Сите ја знаеме најважната улога на автомобилите – да не пренесат од А до точка Б, но секој автомобил има некаква карактеристика по која се разликуват еден од друг.
Оваа точка е супер важна. Треба да се дефинира Вашата целна публика пред да се создаде бренд, за да се привлечат вистинските луѓе. Мора да се направи анализа и инстажувања за таргетот на групата. Тука спаѓаат доста параметри како дали се тоа мажи или жени, нивната возрасна граница, дали се студенти или вработени, кои се нивните интереси, месечните приходи (дали заработуваат 200 или 2000 евра месечно) и така натаму. Во кратки црти, треба да се знаат деталите и да се направи профил за Вашите потенцијални клиенти.
Пример статистиката за автомобилот Mercedes покажува дека просечниот клиент е 57 години. Конкретно за моделот CLA просечниот клиент е на 46 годишна возраст. За разлика од Mercedes, автомобилите на BMW имаат помлата публика. Целосната слика за Вашите потенцијални клиенти ќе ви помогне со градење на брендот, логото, изгледот, пораката што сакате да ја пренесете, мотото и понатамошното таргетирање и маркетинг.
Успешен бренд е оној брен чиј корисници се задоволни. За да се задоволат корисниците мора да се знаат нивните барања. Треба да се слуша нивното мислење и да се имплементира во подобрување на брендот. Нормално е да има негативни коментари, но тоа треба да се гледа позивно на нив, затоа што тие покажуваат што не е во ред со брендот и тоа помага да го направите самиот бренд да е по добар.
Еден од најдобрите начини да се дознае мислењето на клиентите е разговорот со нив, односно да Ви дадат одговор на неколку прашања од типот на:
-Што ви се допаѓа во нашиот бренд?
-Што не ви се допаѓа?
-Кога би можеле да смените нешто што би било тоа?
Треба внимателно да се слушаат одговорите и да се направи се за да се подобрат производите и брендот.
4.Бидете присутни на социјалните мрежи
Во денешно време социјалните медиуми треба да бидат приоритет на секој бренд. Тоа е местото каде се пронаоѓаат Вашите идни клиенти. Мора да се биде во тек со времето, воедно и активни на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Pinterest итн.). Кога еден бренд е активен на сите социјални мрежи, има своја web страна, покажува дека е посветен, а со тоа влева доверба на клиентите. Сето ова е исто многу важно за рекламирање и маркетинг кој е потребен за издигнување на брендот на повисоко ниво.
Во време кога сите луѓе од најстара до најмала возраст користат интернет и социјални мрежи присуството на овие платформи може да се нарече дека е задолжително.
Исто така многу важен фактор што треба да се направи е да се провери дали веќе има постечки бренд со тоа име што се планира да се користи. Користењето на слично име на веќе постоечки бренд може да ги збуни клиентите или да дојде до помешување со конкуренцијата.
Бидете оригинални!