Categories
- Career (18)
- Entrepreneur (1)
- Family (17)
- Life (18)
Recent Posts
-
Производите што се поврзани со популарните трендови можат да создадат неверојатна продажба за брзо време.
Учењето како да се искористи капиталот на трендовите во индустријата може значително да придонесе продажба за кој било производ кој се продава онлајн.
Еден од најлесните и најбрзи начини да се профитира од еден производ е да се произведе додаток за истиот. Пример кога на пазарот се појавува нов технолошки пронајдок се појавува голем број на компатибилни додатоци за производот. Но, тогаш доаѓа до многу голема конкуренција на пазарот.
Во оваа статија се објаснува како да заработите пари од трендовите во минатото, како да ги пронајдете најбараните производи и најдобрите трикови како да се оствари голем профит со артиклите кои се во тренд.
Што е популарен производ?
Најдобар начин да се објасни кои се трендовите на производите е да се согледаат неколку примери.
Во последните години, претседателот на САД – Трамп стана голема атракција на Twitter. Еден негов пост стана доста популарен, кој го искористи Sam Morrison за негова бизнис идеа. Тој креира апостолки на кои се испишани популарните постовите од Трамп на неговиот твитер профил при што Sam Morrison достигна неочекувана продажба на производот за помалку од еден месец.
Исто така компанијата Kangaroo Manufacturing има создадено производ, поточно црвено копче кое при натискање издава цитати на Трамп. Овој производ е пласиран на Amazon точно за време за претседателските избори.
Друг пример е песната Baby Shark.
Оваа песна е толку популарна што дури е во Billboard Hot 100 листата. Затоа што оваа песна е многу популарна, доста компании произведуваат производи како нараквици со натписот на песната, маски за деца во формата на ајкула и многу други детски производи кои ја имаат познатата мелодија.
Предности и недостатоци од продажбата на популарни производи
Постојат различни предизвици кои доаѓаат заедно со продажба на нешто исклучително популарно. Трендовите по својата природа се повеќе популарни и бараат прецизен тајминг за најдобри резултати.
Продавачите мора да бидат подготвени да се натпреварууваат со конкуренцијата која што бара да земе дел од пазарот за себе. Често пати војната меѓу конкуренцијата може да тргне на лошо бидејки тие се натпреваруваат за вниманието на купувачот.
Предности на популарните производи
Сè уште има некои многу добри причини зошто треба да размислите за додавање на популарни производи во вашето портфолио:
Недостатоци на популарните производи
Исто така, има и недостатоци што треба да се земат предвид при влегувањето во оваа деловна активност:
Продажбата на популарни производи не е во ред за секого. Продавачите кои се брзи постапувачи и креативни мислители се најпогодни за продажба на популарните артикли. Тие исто така треба да бидат многу посветени и да сакаат да најдат можности што другите можеби на почетокот не ги гледаат лесно.
Како ги наоѓате трендовите?
Примери за најновите трендови може да се најдат насекаде околу нас. Можеби ќерката на вашиот сосед ја пее најновата мелодија, која подоцна станува позната како вирусна песна Baby Shark. Исто толку лесно може вашиот претседател да испраќа шок-бранови со својот последен твит!
Додека тие не секогаш може лесно да се препознаат како трендови, постојат начини како активно да останете највисоко на тоа што се случува. Колку повеќе ќе внимавате, толку подобро ќе ги забележите трендовите.
Многу големи трговци на мало плаќаат луди суми пари на компании кои се специјализирани за изнаоѓање на најновите трендови и можности за производи, но вие не треба. Постојат многу бесплатни ресурси кои ќе ви помогнат да го сторите истото.
Еве неколку од најдобрите совети кои ќе ви помогнат да го пронајдете следниот тренд кој ке е профитабилен производ за продажба на Amazon.
1.OddityMall
OddityMall користи видео за да прикаже некои најкул нови производи на пазарот. Таму може да гледате кои видеа се најпопуларни за даден производ. Тоа ви овозможува да знаете колку интерес или побарувачка може да има за овој производ. Потоа, по брзото пребарување на Google може да проверите дали таков производ е пуштен во продажба.
2.Jungle Scout
Jungle Scout е софтвер со кој можете да направите истражување во сите категории и да ги пронајдете вашите потенцијални производи. Ви овозможува да направите анализа на побарувачка, цена, месечни и дневни продажби, историја на производот, продавачи итн. Со сите овие информации можете да направите детално истражување и да го пронајдете вашиот идеален производ. Повеќе информации за Jungle Scout можете да погледнете овде https://balkanamazon.com/како-и-од-каде-до-профитабилен-произво/
3.Индустриски билтени
Втор начин да пронајдете популарни продукти е да останете на врвот во индустријата со пријавување на социални мрежи, канали и билтени.
Ако сте во категоријата кујна и дома, тогаш побарајте списанија за кујна и домашна индустрија и трговски билтени. Ако продавате играчки, тогаш пронајдете трговски списанија за индустријата за играчки.
Исто така, претплатете се на каналите на YouTube и дознајте кои се врвните влијатели таму. Социјалните платформи како Facebook, YouTube I Pinterest даваат многу информација за најновите трендови на производи.
4.Користете ги вашите добавувачи
Трет начин е да ги користите вашите добавувачи како добар извор на информации за она што многу се продава и промовира на вашиот пазар.
Градењето на врска со вашите добавувачи е навистина добро за долгорочен деловен модел затоа што започнувате да ги добивате тие мали интересни фатки и информации.
Откако ќе го направите ова за некое време, ќе добиете подобро око за пронаоѓање на популарните производи. Разговарајте со луѓето. Имајте отворен ум, обрнете внимание и забележете ги работите малку повеќе.
Исто така, прочитајте многу за она што ве интересира. Само што имате повеќе животни искуства, ќе го проширите вашиот ум и ќе научите нови работи, навистина ќе ви помогнат во вашиот бизнис во Amazon. Започнете со она што го знаете, зголемете го вашето знаење и продолжете напред.
Наоѓање идеи за дополнителни производи
Откако ќе пронајдете популарен производ за кој мислите дека има потенцијал, вратете се на Amazon и побарајте додатоци или дополнителни елементи што се веќе во продажба. Амазон го олеснува ова со одликите „Најчесто се купува заедно со“ и „Клиенти кои ја купуваат оваа ставка исто така“.
Доколку имате проблеми со идеи за дополнителни елементи, исто така, погледнете ги прегледите на клиентите за производите во тој тренд. Овие прегледи може да ве одведат до следната идеја за производ.
Исто така, направете пребарување на Google на тендинг тема или производ. Не го ограничувајте вашето истражување само во Amazon. Не сите продавачи на електронска трговија ги нудат своите производи на Amazon, па ова е добра шанса да добиете поширока идеја за приватна етикета за вашиот нов производ.
Pinterest е исто така одлична платформа за идеи. Ако има нешто што е во тренд на Amazon, побарајте го на Pinterest. Понекогаш ќе добиете упатства за DIY или упатства за создавање интересни артикли кои би можеле да ги претворите во комплементарни производи.
Kако да го направите вашиот производ познат
Времето е сè за популарните производи, па затоа е клучно да се дејствува брзо. Ако производот тргне, тогаш станува клучно да се држи чекор со обемот на нарачки.
Обидете се и останете во истиот стил на производ кога креирате предмети за нов тренд. Ова ќе ви помогне побргу да пазарите, бидејќи веќе ќе имате контакти и искуство со нарачки со претходниот производител.
Размислете за снабдување со производи во домашни услови
Без разлика во која земја сте производител, секогаш бидете сигурни дека може да преговарате за подобра цена, откако ќе започнете со поголем број на продажби и нарачки.
Користете продавачи во странство. Постојат многу производствени компании САД кои можете да ги најдете преку директориуми како што се Maker’s Row, надвор од Бруклин.
Исто така, постојат специфични производи за САД. Производствени компании кои можат да се најдат со едноставно пребарување на Google, како што е YouBar, која произведува сопствени протеински десерти.
Снабдувањето со производи од дома во вашата земја значи дека нема ограничувања во врска со јазиците и, исто така, го олеснува пронаоѓањето на информација за производителот.
Логистика на аутсорсинг и обезбедување на квалитет
Пронаоѓањето на профитабилен производ помага да се обезбеди успехот на пазарот, а исто така вклучува и можноста да се дојде чекор понапред до побарувачка. Побарувачката на популарни производи може да биде огромна за продавачите кои сами ги исполнуваат нарачките.
Програмата ФБА им овозможува на продавачите да ги користат сопствените магацини на Amazon со што се олеснува снабдувањето на нарачки. Со тоа ви останува повеќе време да работите од други аспекти за вашиот бизнис, како на пример наоѓање на повеќе производи за продажба.
Како да ги промовирате вашите производи?
Пронаоѓањето на тренд, создавањето на производ и неготово рекламирање може целосно да ви ја одземе енергијата, упорноста и креативноста. Додека некои од вашите нови производи можат да се продаваат во големи количини на Amazon вие не знаете што да правите и како да започнете со сето тоа. Што да правите? ПРОМОВИРАЈТЕ!
Треба да се даде поткрепа на вашиот нов производ за да се поттикне до врвот на резултатите на пребарувањето. Ова може да се постигне со спонзорирање на производите. Со нагласување на клучни зборови со најдобри перформанси за вашиот производ, може брзо да се стекнете со профит. Исто така, доколку имате Facebook страница за вашиот производ, прмовирањето можете да го извршите и таму.
Но, најважното промовирање денес е промовирањето на вашиот производ преку Youtube или преку инфлуенсери кои можат значително да ја зголемат вашата продажба.
Зошто да продавате популарни производи на Amazon?
Треба да се вклучи продавањето на популарни производи во портфолиото затоа што генерално може да се врти инвестицискиот капитал многу побрзо. Кога ке се пласира еден производ во правото време, резултатите можат да бидат неверојатни!