![](https://balkanamazon.com/wp-content/uploads/2020/06/Untitled-Design-5-610x610.png)
Categories
- Career (18)
- Entrepreneur (1)
- Family (17)
- Life (18)
Recent Posts
-
Alibaba ВНИМАВАЈТЕ! Совети како да купувате безбедно
Повеќето луѓе знаат дека Alibaba е web платформа составена од илјадници препродавачи, производители и посредници со цел да ги пласираат нивните производи и да стигнат до по голема група на потенцијални купувачи. Но пред се треба да се внимава на неколку работи:
1.Барајте производители а не препродавачи или посредници.
Ова е многу важно за да се добијат подобри цени. Кога еден производ се купува од производител секогаш се добива пониска цена за разлика од купувањето од препродавач. Тоа е така затоа што препродавачот мора да профитира од продавањето на производот.
За да се издвојат најдобрите производители има неколку лесни чекори кои треба да се направат при пребарување на производот. Со селектирање на полињата Trade Assurance и Verified Supplier бројот на производители се филтрира при што остануваат само производителите кои се одобрени од агентите на Alibaba.
2.Истражете повеќе за компанијата
Самото име на компанијата открива неколку работи за неа. Името е составено од локацијата каде е регистрирана фирмата (пример NingBo) , потоа самото име на фирмата (пример GoldenStar), главната катагорија односно од какви материјали се производите (пример Plastic) и на крајот доаѓа типот на компанијата (пример Co., Ltd). Сите овие информации го градат името на компанијата (NingBo GoldenStar Plastic Co., Ltd.).
Најдобро е самата компанија да е произведувач и продавач, а не само произведувач. Ова е многу важно затоа што доколу се избере компанија која е само произведувач, таа не може да ги продава производите онлајн и ќе мора самите клиенти да бараат начин како би ги купиле производите при што се наидува на дополнителни трошоци.
Исто така, голем плус за компанијата производител и продавач е да работи онлајн повеќе од 3+ години затоа што самата компанија веќе ги знае сите потребни документи што треба да се приготват за извоз.
Тука спаѓаат и сертификатите како ISO 9000, 14000 кои укажуваат дека производите се со добар квалитет кој е утврден по поминувањето на контролата.
3.Истражете ја главната дејност на компанијата
Оваа точка може да се каже и дека е нај важна. Мора да ја истражиме главната дејност на компанијата доколку сакаме квалитетни производи. Компаниите кои произведуваат пример само еден производ се доста по фокусирани и по посветени, затоа што секој ден работат на еден производ и најдуваат начини како да го усовршат и направат по функционален. Доколку компанијата има 100 или 1000 различни производи од различни дејности (фитнес, велосипедизам, компјутерска индустрија итн.) тие не можат да се фокусираат и посветат доволно на производите затоа што не се поврзани меѓу себе.
4.Локација на производител
Доколку компаниите од кои ги порачувате производите се далеку една од друга, доаѓа до зголемен трошок затоа што се зголемува транспортот. Исто така, треба да се обрне внимание дали фабриката се наоѓа во индустриска зона или во центарот на градот. 80% од компаниите кои произведуват се наоѓаат во индустриска зона. Тие компании на кои седиштето е во центарот на градот, во некоја зграда, има голема шанса да се само препродавачи кои сакаат да профитираат од вас.
5.Агент за проверка
Самиот агент проверува дали компанијата навистина постои, дали квалитетот на производите е на високо ниво и слично. Доста вашно е да се проверат производите пред испраќањето до макацините на Amazon затоа што доколку се оштетени, Amazon нема да ги прима во магацинот при што се доаѓа до дополнителен, непосакуван трошок.