Поради ново настанатата пандемија на COVID-19 Amazon USA и Amazon EU оневозможува праќање на пратки во нивните магацини. Како што објаснуваат во нивното излагање моментално нај бараните производи се производи за домаќинство, лекови и основни медицински производи.
Поради зголемената побарувачка и брзото празнење на количините на овие производи Амазон целосно го забранува примањето на производи од другите ниши. Оваа мерка се очекува да важи до 5ти Април 2020, а подетални информации се очекуваат наскоро.
Покрај новите мерки, Амазон отвара 100,000 нови работни места на полно и на скратено работно време, за да можат да ја постигнат зголемената побарувачка.
Овие мерки несомнено ќе влијаат негативно на сите продавачи чии производи не влегуваат во овие категории.
Нашиот сајт користи колачиња (cookies), со цел да ви овозможиме најдобро искуство. Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Се согласувам” се согласувате со користењето на колачињата.
Се согласувам