Со аутсорсинг на оние задачи што одземаат многу време, ќе можете да се фокусирате на важните аспекти на вашиот бизнис. Ние од Балкан Амазон ќе се погрижиме да добиете услуги со врвен квалитет и брз тајминг.
Да имате сопствен бренд не беше многу важно пред неколку години, но сега тоа е задолжително доколку сакате вистински да напредувате на Амазон. Создавањето на бренд започнува со избор на соодветно име. Ова не е лесен процес, бидејќи живееме во 21 век и повеќето имиња што ви доаѓаат на ум веќе се искористени. Сепак не треба да трошите многу време на тоа бидејќи на крај, вашите напори и одлучност ќе помогнат името да се избори како бренд во деловното опкружување, а не обратно. Откако ќе го решите името, време е да преминете на следниот чекор, имено да го изградите вашиот “корпоративен идентитет”. Ова ги вклучува вашето лого, веб страна и многу повеќе. Најбитно од се е трговската марка, тоа значи дека ќе можете да користите дополнителни алатки на Амазон кои ги имаат само регистрирани брендови а исто така и да ги заштитите вашите производи и листинзи од трговци кои сакаат да ги присвојат и да ја искористат напорната работа што сте ја вложиле за развој на вашиот бренд. Ние соработуваме со една од водечките фирми специјализирани за интелектуална сопственост на трговска марка, дизајн и регистрација на патент.
За вашите производи да бидат во 5 топ резултати на најбараните клучни зборови во вашата категорија, за жал, не е доволно да имате добри производи, добро напишани описи и одлични слики. За да стигнете на првата страна и да останете таму потребно е да работите на постојаната стратегија за маркетинг на вашите производи. Нашите маркетинг стратегии вклучуваат силни ППЦ кампањи кои ќе убедат што повеќе луѓе да го купат вашиот производ и да остават позитивен рејтинг. Со тоа луѓето ќе се чувствуваат посигурни во купување на истиот производ во иднина. Идејата е да се остварат што е можно повеќе продажби, за да може производот да се рангира на првата страна. Целта на одржувањето на маркетингот е да се задржи високиот ранг на призводот и да не се изгуби моментумот што сте го добиле при лансирање. Одржување на интензитетот е многу важен дел за успешен бизнис на Амазон. Маркетинг по продажба е трик за вашите купувачи да се претворат во амбасадори на брендот. Грижата за клиентите е многу важна за тие да бидат задоволни, да купуваат постојано и да ве препорачаат на нивните пријатели.
AMAZON PPC
Најбрзиот начин да го прикажете вашиот производ пред клиентите е да користите Amazon PPC кампањи. Ова е комплициран метод кој бара претходна анализа и проучување на клучните зборови. За да се добие најголем ефект од ППЦ кампањите потребни се тестови односно неколку кампањи од кои ќе се изберат оние кои имаат најдобар исход. Ова бара многу труд и работа, но за среќа ги имаме правилните луѓе за тоа. Тие ќе ви ги подесат и набљудуваат вашите кампањи за да можете да ги добиете најдобрите резултати.
Квалитетот на вашите описи имаат огромно влијание врз купувачите но и на алгоритмот за пребарување на Амазон. Затоа мора да бидете сигурни дека вложувате доволно енергија во вашиот оглас со цел да имате успешен производ.
Како што знаете Амазон има различни пазари низ целиот свет и затоа еден исти опис не може да рангира исто на сите пазари. Потребно е истите да се адаптираат на секое подрачје. За да можете максимално да ги искористите потребно е да имате лингвист чиј мајчин јазик е точниот пазар на кој се пласирате со цел да ви го оптимизира описот со точните фрази и кчучни зборови. Во спротивно вашите описи се губат во преводот и завршувате далеку позади вашата конкуренција. Ние ви нудиме лингвисти за секој од пазарите на Амазон, па кога ќе ви го адаптираат вашиот опис за тоа подрачје тие ќе звучат совршено и ќе одговараат на менталитетот и однесувањето на локалците.
`Продажбата преку Интернет се заснова главно сликите на вашиот произвот, што ги прави фотографиите најважен аспект на вашиот оглас.Потребни се професионални фотографии кои ќе разбудат емоција кај вашите потенцијални клиенти и ќе ги натера да го купат вашиот производ. Затоа имаме професионални фотографи и 3Д дизајнери подготвени да работат напорно за да го претстават вашиот производ на најдобар можен начин.