Поради ново настанатата пандемија на COVID-19 Amazon USA и Amazon EU оневозможува праќање на пратки во нивните магацини. Како што објаснуваат во нивното излагање моментално нај бараните производи се производи за домаќинство, лекови и основни медицински производи.
Поради зголемената побарувачка и брзото празнење на количините на овие производи Амазон целосно го забранува примањето на производи од другите ниши. Оваа мерка се очекува да важи до 5ти Април 2020, а подетални информации се очекуваат наскоро.
Покрај новите мерки, Амазон отвара 100,000 нови работни места на полно и на скратено работно време, за да можат да ја постигнат зголемената побарувачка.
Овие мерки несомнено ќе влијаат негативно на сите продавачи чии производи не влегуваат во овие категории.