Categories
- Career (18)
- Entrepreneur (1)
- Family (17)
- Life (18)
Recent Posts
-
Здравјето и безбедноста на вработените и изведувачите на Амазон ширум светот продолжува да биде главен приоритет додека се соочуваме со предизвиците поврзани со COVID-19. Лидерите и одговорните лица во Амазон се состануваат секој ден за да ја разгледаат ситуацијата во развојот и се советуваат со медицински експерти за да се обезбеди дека прават се што можеме за да ги одржат нивните тимови здрави. Превземени се голем број активности во текот на изминатите неколку недели.
Дополнително работно време со плата за вработените со полно и скратено работно време
Ефективно веднаш, сите вработени во Амазон дијагностицирани со COVID-19 или ставени во карантин, ќе добијат плата до две недели. Оваа дополнителна исплата додека се надвор од работа е да се обезбеди вработените да имаат време што им е потребно за да се вратат на добро здравје без грижа за изгубената плата. Ова е во прилог на неограничено неплатено работно време за сите вработени.
Фонд за помош на Амазон
Воспоставен е Фонд за помош од страна на Амазон со почетен придонес од 25 милиони американски долари, насочен кон поддршка на нивните независни партнери за услуги за испорака и нивните возачи, учесници на „Амазон Флекс“ и сезонски вработени. Амазон ќе им понуди на сите овие групи можност да аплицираат за грантови приближно еднаква на плата до две недели, доколку се дијагностицира со COVID-19 или се ставени во карантин од страна на владата или Амазон.
Покрај тоа, овој фонд ќе ги поддржува вработените и изведувачите низ целиот свет кои се соочуваат со финансиски тешкотии од други неочекувани настани, како што е природна непогода, федерално прогласена вонредна состојба или непредвидени лични тешкотии. Апликантите можат да аплицираат и да добијат личен грант од фондот, од 400 до 5.000 УСД по човек.